Дома Македонски спорт Мак фудбал Младинците од четвртиот „шешир“ ќе ги чекаат противниците за ЕП: Селекторот нема посебни желби!

Младинците од четвртиот „шешир“ ќе ги чекаат противниците за ЕП: Селекторот нема посебни желби!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија од четвртиот барабан ќе ги чека противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство кое во 2019 година ќе се одржи во Италија.

Во квалификациите за Европското првенство во 2019 година ќе може да играат фудбалери родени по 1-ви јануари 1996 година. УЕФА ќе формира девет групи, квалификациите ќе траат до октомври 2018 година, а победниците ќе изборат директен пласман на првенството, додека најдобрите четири второпласирани селекции низ бараж ќе се борат за уште два места.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Немам посебни желби во однос на противниците кои може да ни бидат. Ждрепката ја чекаме со подобар пласман за 11 позиции и пласман на ЕП, во однос на претходното извлекување на противниците за ЕП 2017. Квалификациите за ЕП 2019, ќе ги започнеме со нова генерација на фудбалери, но желбите и целта остануваат исти, да бидеме конкурентни во групата и да го подобриме рејтингот“, истакна Милевски.

Шешир 1: Германија, Поругалија, Шпанија, Данска, Франција, Шведска, Чешка, Србија
Шешир 2: Словачка, Израел, Холандија, Австрија, Хрватска, Белгија, Полска, Швајцарија, Словенија
Шешир 3: Украина, Норвешка, Русија, Турција, Романија, Исланд, Грција, Црна Гора, Финска
Шешир 4: Велс, Бугарија, Македонија, Грузија, Унгарија, Република Ирска, Шкотска, Молдавија, Албанија
Шешир 5: Литванија, Азербејџан, Ерменија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Казахстан, Кипар, Летонија, Албанија
Шешир 6: Малта, Луксембург, Северна Ирска, Фарски Острови, Сан Марино, Андора, Лихтенштајн, Гибралтар, Косово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ФК Вардар: Историјата ќе памети кој не избрка од Градски!

Oд редовите на Вардар денеска преку социјалните мрежи ја информираа јавноста дека клубот д…