Дома Македонски спорт Мак ракомет Миркуловски: Можеме да ги победиме Исланд и Чешка и на Европското првенство

Миркуловски: Можеме да ги победиме Исланд и Чешка и на Европското првенство

Македонската репрезентација на Македонија ја освои Групата 4, во конкуренција на Чешка, Исланд и Украина се пласира на континеталниот шампионат во Хрватска.

Инаку, Групата 4 е единствена во квалификациите од која три селекции ќе играат на ЕП. Покрај Македонија во Хрватска ќе игра и Чешка како второпласирана и Исланд како најдобрата третопласирана селекција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Чешка и Исланд би можеле им бидат противници на македонските ракометари и на европското првенство. Средбиот бек Филип Миркуловски нема ништо против Македонија повторно да игра против два од трите квалификациски противници.

„Зошто да не кога веќе ги победивме еднаш, можеме да ги победиме и втор пат“, изјави Миркуловски по убедливата победа над Чешка 33:20.

„Победивме со 13 голови разлика, убедливо го освоивме првото место во групата, честитки до соиграчите. Ова беше последен натпревар за Митков, мислам дека убаво го испративме. Мора да продолжиме да играме вака. Имаме нов тренер, бргу се вклопивме во неговата концепција, имаме уште работи да исправиме и мислам дека ќе играме уште подобро“, дополни Миркуловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…