Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски: Добивме неатрактива, но силна група!

Милевски: Добивме неатрактива, но силна група!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија ги дозна имињата на противниците со кои ќе се соочи во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2019 година, кое ќе се одржи во Италија.

Македонските фудбалери, родени по 1 јануари 1996 година, во квалификациите за Европското рпвенство во 2019 година, ќе игра против Србија, Австрија, Русија, Ерменија и Гибралтар.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Прв впечаток е дека групата не е атрактивна, но противниците се силни и квалитетни. Србија која е наш ривал и на ЕП во Полска, Австрија која играше бараж со Шпанија за влез на шампионатот во Полска и Русија која е навистина квалитетна. Но, во секој случај добивме група за ново надигрување со силните европски репрезентации“, изјави селекторот Благоја Милевски.

Квалификациите за пласман на ЕП во 2019 година ќе започнат во март годинава, а ќе завршат во октомври 2018 година, а во ноември истата година ќе се играат двете бараж средби по кои ќе бидат познати сите селекции кои ќе учествуваат на првенството чии домаќин ќе биде Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…