Дома Трансфер зона Милан спреми огромен буџет: Ова се главните трансфер мети!

Милан спреми огромен буџет: Ова се главните трансфер мети!

Италијанскиот гигант Милан следната недела и официјално ќе премине во рацете на кинески милијардери кои се спремни да направат револуција на тимот и да ги вратат „росонерите“ на самиот врв во Италија и Европа.

Италијанските медиуми откриваат дека веќе е одреден трансфер буџет од 150 милиони евра, кој со продажбата на Нианг и Бака може да достигне до 200 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Главна трансфер цел на новото раководствот ќе биде да донесе една голама ѕвезда во нападот, а желбите се Пјер Емерик Обамејанг или Алексис Санчез. „Росонерите“ се спремни да платат 70 милиони евра за да го донесат едниот од нив на „Сан Сиро“.

Притоа сигурно ќе биде купен еден крилен напаѓач, а главните тансфер мети се Кита Балде од Лацио и Федерико Бернардески од Фиорентина.

Големи промени ќе претрпи и средниот ред каде раководството сака да донесе двајца искусни шампиони како Луис Густаво од Волфсбург и Цеск Фабрегас од Челзи. Притоа ќе бидат донесени двајца перспективни фудбалери, а примарна цел ќе биде Франк Кесие од Аталанта.

Што се однесува до одбраната сигурно ќе биде донесен еден врвен стопер кој би требало да биде партнер на Ромањоли, и најверојатно еден десен бек.

Притоа медиумите тврдат дека приоритет на новите сопственици ќе бидат и новите договори на Донарума и Сусо, фудбалери кои играат клучна улога во тимот оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …