Дома Фудбал Италија Милан после 20 години раскинува со „Адидас“

Милан после 20 години раскинува со „Адидас“

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и „Адидас“ ќе ја раскинат соработката на крајот на сезоната, иако германската компанија веќе 20 години е спонзор на миланскиот гигант.

Милан оваа година доби нови сопственици, па новото раководство веќе преговара со други спортски брендови кои се заинтересирани да бидат спонзори на италијанскиот клуб.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Адидас“ и Милан одлучиле да ја прекинат соработката и покрај фактот што имаат договор до 2023 година. Пред пет години двете страни потпишаа спонзорски договор според кој Милан добива 19,3 милиони евра годишно.

Милан од следната сезона ќе има нов спонзот на своите дресови, а готово сигурно тоа нема да биде „Најк“, кој е спонзор на Интер.

Италијанските медиуми пренесуваат дека најдобра понуда доставила компанијата „Under Armour“, која е во експанзија и која е спонзор на многу спортски ѕвезди, а најпознат е секако Стив Кари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Како за Барселона во Франција, така за ПСЖ во Шпанија! 🎥

Пред реваншот во четвртфиналето од Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Пари Сен Жермен…