Дома Трансфер зона Милан заврши, Интер започнува: Навивачите бараат засилувања!

Милан заврши, Интер започнува: Навивачите бараат засилувања!

Би требало да пристигнат уште четири или пет играчи, неколкумина веќе се познати, а двајца во овој момент изгледаат како тешки мисии. Навивачите се нетрпеливи, посебно бидејќи нивниот градски ривал, Милан, беше главна тема ова лето.

Навиваите се прашуваат, ќе се разбуди ли Интер, Милан практично го промени целиот тим, додека Интер делува пасивно, барем до овој момент.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Нероаѕурите“ до сега успеаа да ги доведат Борха Валеро и Шкринар од Сампдорија, пристигнаа и уште неколкумина млади фудбалери како и голманот Падели кој ќе му биде резерва на Хандановиќ.

Сепак, сето тоа е премалку, клубот мора да се ослободи од уште неколку фудбалери за да нема проблеми со финанскиот фер плеј, но Спалети бара засилувања.

Вчера беше одржан состанок со кинеските сопственци, наводно би требало да пристигнат четири или пет играчи за клубот да се засили. Првата мета е најтешка, Артуро Видал, кој би требало да биде лидер на тимот, но за Чиленаецот е се потребни околу 60 милиони евра.

Спалети бара и дефанзивец, иако Мурлио работи одлично и би можел да остане во клубот, на списокот се Абденур од Валенсија и Лемос од Лас Палмас, се споменуваше и Иса Диоп од Тулуз, како и Диакаби и Мамана од Лион. Еден од овие петмината централни дефанзивци ви требало да пристигне во клубот.

Што е со останатите желби?

Би требало да пристигне Вечино, уште еден играч на Фиорентина, тој трансфер е практично завршен, но и Патрик Шик.

Интер и понатаму бара начин да го убеди Кеита од Лацио кој има договор со Јувентус, но Лацио нема намера да им го продаде на „бјанконерите“. Неговиот договор истекува наредното лето.

Кога во прашање се заминувањата, тешко дека Интер ќе го пушти Перишиќ, го бараат Марсијал како дел од договорот, на што Мурињо не сака да се согласи.

Во секој случај времето истекува, навивачите се нервозни, а во Интер истакнуваат дека за разлика од Милан тие веќе имаат формирано еден дел од тимот и дека на секаат да се доведуваат во опасност поради финаинскиот фер плеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…