Дома Трансфер зона Милан во „немозможна мисија“ – го сака миленикот на Зидан!

Милан во „немозможна мисија“ – го сака миленикот на Зидан!

Шпанскиот медиум „Дон Балон“ пренесува дека раководството на Милан е силно заинтересирано за одличниот играч за врска на Реал Мадрид.

Милан е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот и веќе донесе седум нови засилувања за кои потроши околу 150 милиони евра, но сака да донесе уште еден квалитетен играч за врска.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Веќе подолго време се шпекулира дека блиску до трансфер на „Сан Сиро“ е Лукас Биглија, но „росонерите“ не можат да најдат заеднички јазик со Лацио околку отштетата.

Сега се појави информација, односно „Дон Балон“ пренесува дека Милан е силно заинтересиран и го контактирал Реал Мадрид за бразилскиот играч за врска Касимиро.

Касимиро е миленик на Зидан и неизоставен дел од тимот во изминативе две сезони, па тешко е да се поверува дека „кралевите“ ќе се согласат на негово заминување.

Нема сомнеж дека Касимиро би бил фантастично засилување за „росонерите“, новите сопственици имаат големи амбиции, сепак ангажирање на Бразилецот во моментов делува како „невозможна мислија“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…