Дома Топ вести Меси БЕСЕН на Валверде: Овој играч мора да биде во стартниот тим!

Меси БЕСЕН на Валверде: Овој играч мора да биде во стартниот тим!

Веќе е познато дека Лео Меси може да прави се што сака во Барселона и дека има големо влијание на претседателот како и на тренерите.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Меси секогаш има огромно влијание врз тренерите, а проблемот со Валверде настанал поради Хавиер Маскерано.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Маскерано е најдобар пријател на Меси во соблекувалната. Лео инсистираше пред неколку години да му биде продолжен договорот, па на крајот Каталонците на 32-годишниот играч му понудија договор до 2019 година.

Тоа се коси со политиката на клубот бидејќи кога ќе му истечи договорот Маскерано ќе има 35 години, а Барселона има правило на играчите кои имаа над 30 години да му го продолжува договорот само за една сезона.

Во случајот со Маскерано Меси одигра главна улога, но од доаѓањето на Валверде искусниот фудбалер не е ни блиску до првиот тим. Сега во одбраната Умтити и Пике имаат предност, во средниот ред Бускетс, Ракитиќ и Иниеста се неприкосновени.

Меси побарал објаснување од тренерот, а Валверде му одговорил дека не е задоволен со пристапот на Маскерано на тренинзите и дека треба да се навикне да ја грее клупата.
Меѓутоа Лео инсистира да му биде дадена шанса на неговиот сонародник и тврди дека има доволно натапревари на кои може да добие минутажа.

Шпанските медиуми пренесуваат дека можно е да го видиме Маскерано уште утре на мечот со Еибар во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Министерот на Италија незадоволен од одлуката за Ачерби: Го разбирам бесот…

Министерот за спорт на Италија, Андреа Абоди ја критикуваше одлуката на италијанската лига…