Дома Топ вести Мбапе се поблиску до Париз, ова се деталите!

Мбапе се поблиску до Париз, ова се деталите!

Се е познато, а после ова ќе сфатите ека Реал немал никакви шанси.

Килијан Мбапе во наредните неколку дена, веројатно после викендот ќе стане фудбалер на ПСЖ, но деталите од трансферот веќе се откриени.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


ПСЖ за Мбапе ќе плати 150 милиони евра, но ќе додаде уште еден играч, Пасторе, Рабиот или Кимпебеа. Наводно, ПСЖ сакале во Монако да го испратат Лукаш Моура, но клубот од Кнежеството тоа го одби.

Мбапе своите услови веќе ги договори, ќе заработува околу 400.000 евра неделно, додека во Монако во овој момент заработува 20.000 евра. Значи, Мбапе во ПСЖ ќе добива 18.5 милиони евра по сезона.

За споредба Реал Мадрид кој сакаше да го купи и да го остави уште една година во Монако му нудеше седум милиони евра по сезона.

Мбапе е надвор од тимот поради проблемите кои ги предизвика на тренингот и во Монако со нетрпение чекаат тој да премине во ПСЖ, не сакаат да преговараат околу Фабињо, на состанокот инсистирале што побрзо да се договори трансферот на Мбапе, па дури и малку ја спуштиле цената.

На крајот, останува финансискиот фер плеј, се зборуваше дека Мбапе ќе одигра две сезони како позајмен играч, сепак со продажбата на Орие во Тотенхем и можеби Ди Марија во Барселона, како и заминувањето на еден од играчите кој ќе биде вклучен во трансферот на Монако во Париз очекуваат да останат во границите на фер-плејот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…