Дома Трансфер зона Мбапе: Реал Мадрид? Се е можно…

Мбапе: Реал Мадрид? Се е можно…

Напаѓачот на Монако, Килијан Мбапе е на мета на најголемите европски клубови, но судејќи по неговите изјави не брза да го напушти клубот од „кнежевството“.

Претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез неодамна изјави дека Реал Мадрид го следи Мбапе, а клучна улога во трансферот би можел да има Зинедин Зидан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Денес сум играч на Монако. Реал? Ќе видиме… Во Реал треба да се оди кога сте на врвот. Јас сметам дека сеуште не сум го достигнал врвот, иако во фудбалот никогаш не се знае“, изјави Мбапе, кого многумина го споредуваат со Тиери Анри.

18-годишниот фудбалер благодарение на одличните партии оваа сезона дебитираше и за сениорската репрезентација на Франција.

Мбапе оваа сезона постигна 19 гола за Монако во Лига 1 и е еден од најзаслужните за пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…