Дома Топ вести Мбапе – Реал, каква е ситуацијата?

Мбапе – Реал, каква е ситуацијата?

Јасна е намерата на клубот од Кнежеството, економскиот интерес е пред се, само постои еден проблем…

Како што пренесуваат светските медиуми трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид е договорена работа, но официјална потврда сеуште нема.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Да потсетиме договорот беше 160 милиони, плус 20 преку бонуси, играчот веќе одлучи, а тоа им го соопшти и на претставниците на ПСЖ кои му нудеа поголема плата за да се врати во родниот град. Имено, клубот од Париз му понуди двојно поголема плата на талентираниот напаѓач, но тој остана на одлуката дека сака само во Реал.

Сега се појави Барселона.

За Каталонците заминувањето на Нејмар би било компезирано со Мбапе. Наводно агентот на играчот им соопштил да ја достават својата понуда на Монако, кој инсистира на 190 милиони и очекува три или четири клуба да влезат во трката, со што Реал би бил принуден целата сума да ја исплати наеднаш.

Медиумите кои им се наклонети на „кралевите“ тврдат дека ситуацијата е под контрола и дека интересот за Мбапе нема никаква врска со продажбата на Герет Бејл. Се појавија шпекулации дека тој би можел да биде жртвуван, но Зидан потврди дека ударното трио на Реал (Бејл, Бензема, Роналдо) ќе остане заедно.

Реал има 190 милиони, тоа е јасно, но шпанскиот гигант се обидува да ја спушти цената. Сепак проблем е што Монако нема потреба да го продава Французинот. Клубот веќе заработи доволно ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Миланско дерби за „нвиот Неста“

Дефанзивецот на Торино, Алесандро Бонџорно е на трансфер листата на миланските гиганти Мил…