Дома Трансфер зона Матиќ сепак во Јунајтед, но за огромна сума?!

Матиќ сепак во Јунајтед, но за огромна сума?!

Фудбалерот на Челзи, Немања Матиќ, изгледа дека сепак кариерата би можел да ја продолжи во Манчестер Јунајтед, пренесува „Дејли Телеграф“.

Истиот извор пренесува и детални финаински информации, а Јунајтед наводно на својот ривал за Матиќ ќе му исплати неверојатни 50 милиони фунти.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во современиот фудбал очигледно не можете да добиете малку подобар фудбалер за сума помала од 40 милиони фунти, па така веќе се навикнавме на овие бројки. Да потсетиме, првата понуда на „црвените ѓаволи“ изнесуваше 35 милиони фунти, но на Абрамович тоа му баше малку и бараше повеќе.

Во Јунајтед Матиќ би соработувал со тренерот кој ги познава неговите квалитети и со кој соработуваше во Челзи – Жозе Мурињо.

Матиќ минатата сезона одигра 35 натпревари. Постигна еден погодок и запиша осум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Перез ја сака младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал средба со крилниот напаѓач на Манч…