Дома Фудбал Останато Марко Ројс: Се што сакам е да играм фудбал, би дал се што имам да се вратам на теренот

Марко Ројс: Се што сакам е да играм фудбал, би дал се што имам да се вратам на теренот

rojs

Германецот од редовите на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, веројатно е еден од најмалерозните фудбалери во светот.

Во финишот на минатата сезона Ројс заработи тешка повреда и според првите информации тој требаше да паузира шест месеци. Меѓутоа, во меѓувреме повредата се влоши и Ројс на терените ќе се врати во март наредната година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оваа вест ја шокираше спортската јавност, но сигурно најмногу Ројс кој не може да поверува дека има толкави проблеми со повредите. Во интервјуто за германските медиуми фудбалерот изјави дека без размислување би дал се што има за конечно повторно да биде целосно здрав.

„Секогаш кога ќе помислам сите повреди во кариерата солзите сами се појавуваат. Најголем предизвик за мене во овој момент е напорно да работам за што побрзо да се вратам на теренот. Ова е навистина брутално за мојата психа и ми беа потребни неколку недели за да се ослободат од тешките мисли. Заработив многу пари во својата кариера, но некогаш со здравјето плаќаме огромна цена. Би дал се што имам за конечно да бидам целосно здрав. Се што сакам е да играм фудбал“, изјави Ројс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Не игравме само против 11 фудбалери, туку и против тројцата судии“

Фудбалерите на Баер сезонава 44-ти пат по ред одиграа без пораз. Тие ремизираа 1:1 во Лонд…