Дома Топ вести „Марка“ тврди: Мбапе е нов играч на Реал Мадрид!

„Марка“ тврди: Мбапе е нов играч на Реал Мадрид!

Шпанска „Марка“, која секогаш е добра информирана за случувањата во „кралскиот“ клуб тврди дека е постигнат договор и дека Килијан Мбапе од следната сезона ќе игра за Реал Мадрид.

18-годишниот Французин буквално „експлодира“ последната сезона во Монако и покажа дека е еден од најталентираните фудбалери во светот, па стана трансфер мета на најголемите клубови во Европа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега, по бројните шпекулации, „Марка“ тврди дека Мбапе е нов фудбалер на „кралскиот“ клуб. Весникот објави утрово дека Мбапе веќе постигнал договор со Реал за шестгодишна соработка, а фудбалерот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе заработува шест до седум милиони евра годишно.

Играчот и семејството престојувале во Мадрид, го посетиле тренинг комплексот на Реал, се сретнале со претседателот Флорентино Перез и тренерот Зинедин Зидан.

Сега останува уште Реал да постигне договор со Монако, а весникот тврди дека тоа најверојатно ќе биде нов светски рекорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…