Дома Останати Кошарка Евробаскет Ману Џинобили- Кошаркарскиот Марадона

Ману Џинобили- Кошаркарскиот Марадона

Најтрофејниот неамериканец на сите времиња. Еден од само двајцата играчи во историјата на кошарката што има освоено Олимпијада, Евролига и НБА титула. Крал на инстинктот на теренот. Човек кој ни сам не може да ги предвиди своите потези на теренот. Од земјата на фудбалот доаѓа најдобриот неамерикански бек некогаш – Ману Џинобили.

„Кога ништо не помага одам и го гледам каменорезецот како удира со чеканот по големиот камен. Удира и по сто пати а на каменот нема ни пукнатина. Сепак, по сто и првиот удар каменот се разделува на пола.. јас знам дека каменот не се раздели баш од тој удар туку од сите претходно зададени удари“ – Џејкоб Рис.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ова е цитат кој веќе неколку години стои во соблекувалната на Сан Антонио Спарс. Како се зголемувала колонијата на странски играчи Поп наредил овие реченици да се преведат на Шпански и Француски Јазик. Го симболизира тоа што Спарси го прават со години. Биди истраен и упорен во тоа што го правиш, секогаш пробувај, тоа е суштината на работата на оваа организација што им помогна да освојат 5 титули од 1999та до сега.

Еден човек секогаш излегува од улогата и работел на свој начин, но најверојатно бил и одлучувачки фактор во три од четири тутули кои ги освојува Спарс.

„Ми одзеде пет години од животот. Во почетокот мислев дека е луд, после сфатив дека не можам да го променам и едноставно го пуштив да игра на свој начин. Мене ми го скрати животот, а нас како екипа ни донесе доза непредвидливост која ни недостасуваше’’ – Грег Попович.
Заљубеноста за фудбалот во Аргентина е огромна, но една генерација ги натера Аргентинците барем малку да го тргнат вниманието од фудбалот.
Предводник на таа генерација е Ману Џинобили. Родното место на Ману Бахиа Бланка најверојатно е единствено место во Јужна Америка каде фудбалот е спорт број 2. Во град од околу 300.000 жители има околу 20 кошаркарски клуба и тоа е единствено место во Аргентина со повеќе кошаркарски од фудбалски терени. Иако татко му е кошаркарски тренер и поранешен играч, основите на кошарката Ману ги учи од Оскар Санчез кој од мали нозе му всадил навиката да не ја гледа топката додека дрибла и секогаш да ја штити со слободната рака.
Како и на многу други деца негов идол е Џордан – „Никогаш не помислував дека можам да играм во НБА, го гледав Џордан и тој изгледаше како да е од друга планета..“

Со 15 години Ману не бил доволно добар да биде избран меѓу 12 најдобри играчи од неговата генерација во Бахиа Бланка. Најдобар играч во градот и во државата е Пепе Санчез.

„Никој не веруваше дека Ману ќе стане ваков играч“- Изјавил неговиот поранешен тренер.

Во периодот од 15 до 16 година Ману пораснал осум сантиметри и наеднаш станал експлозивен бек со 190 сантиметри висина.

Сега проблем станала тежината. „Тренерот во мојата прва сезона ми рече: Сине слаб си како гранче. Немој ни случајно да влегуваш во рекетот.“

Заминува во Италија, неговиот татко ги користи врските и италијанското потекло и го испраќа Џинобили во Реџо Калабрија која долго време е собиралиште и прва станица на Аргентинските кошаркари во Европа.

После две одлични сезони во Калабрија, Еторе Месина го носи во Киндер како наследник на Предраг Даниловиќ и со него собира цела колекција трофеи. Евролига, првенство и купот на Италија. Ману со своите чудни решенија го излудувал Месина кој гледајќи ги неговите продори и дриблинзи полудувал на клупата, таа сезона е најдобра во кариерата на Италјанскиот тренер. Џинобили во Италија и Европа освен тимските ги собира и сите индивидуални награди. МВП на финалето на Евролигата, МВП на првенството и купот на Италија.

Пред почетокот на светското првенство 2002 Аргентина ја има најдобрата генерација. Играат скоро совршено. Тие се прва селекција што ја победиле Америка составена од НБА играчи и тоа без никакви симулирања. Аргентинците парираат во скок, во одбрана, а во нападот нивното константно ротирање ги излудуваше НБА ѕвездите.

Во Индијанаполис шест играчи имаат меѓу 9 и 15 поени во натпревар во кој САД не водел ни еднаш. Во Атина 2004 во полуфиналето против Данкан ја одиграл можеби најдобрата партија во својата кариера. Човекот кој не осеќа страв од селекцијата на Лери Браун и Грег Поповиќ им дал 29 поени. Финалето против Италија е најгледаниот спортски настан во историјата на Аргентина.

Земјата во која кошарката не значи скоро ништо преку ноќ полудела за тимот кој добил прекар „La Generacion Dorada“ (Златна генерација) и нејзиниот предводник Ману Џинобили. Во познатиот спортски бар во Буенос Аирес Locos Por El Futbol (Превод не е потребен) преку 400 луѓе го гледале финалето против Италија. Гостите после секој кош на Аргентина викале „Gooolll“. Прв златен олимписки медал за Аргентина после 1952.
Ману во периодот од 2001-2004 освои Евролига, НБА титула и Олимпијада. Освен него само Сенаторот Бил Бредли го има направено истото. (Евролигата ја освои додека бил на постдипломски студии на Оксфорд па секој викенд патувал во Милано каде со Олимпија го освоил тогашниот КЕШ. Потоа станал Сенатор на државата Њу Џерси и претседателски кандидат. На некои луѓе баш им оди во животот).

Во текот на својата НБА кариера Ману има 4 НБА титули. Прогласен е и за најдобар шести играч во 2008г. Тешко дека има играч кој играл со поголема храброст, Џинобили не чувствува страв, не се плаши од грешки и од неуспех. Неговите дриблинзи зад грб во полна брзина меѓу тројца играчи, пуштање на топката меѓу нозете на противниците во контра, „тројки“ преку раката на противникот во клучни моменти се нешта кои ќе ги памети секој љубител на кошарката.

Своевремено познатиот новинар Џек МекКалум напиша: „Џинобили не е заштитно лице на Спарси. Тоа е безизразниот поглед на Тим Данкан или лутиот изглед на Грег Попович или насмевката на Тони Паркер. Но Cojonesi (преводот почнува на М…) на тимот? Тоа без никаков сомнеж е Ману. Тој секогаш ја сака топката кога е густо.“

Денес е на залезот на кариерата, но Спарси и после 15 години не се иста екипа со него и без него. На Поповиќ му требало време да се навикне на неговиот стил на игра но неговата изјава за Ману зборува се што треба да се знае:
„Се што прави, тој прави само за победа. Го има истиот натпреварувачки дух како Мајкл Џордан.

Поголем комплимент во кошарката не можете да добиете.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Најлудиот кош сезонава во Евролигата 🎥

Французинот Нандо де Коло го кој важи за еден од најдобрите шутери во НБА лигата го постиг…