Дома Топ вести Мамиќ ќе полуди: Милан му го краде најголемиот „бисер“

Мамиќ ќе полуди: Милан му го краде најголемиот „бисер“

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за младата ѕвезда на Динамо Загреб, Антонио Марин.

Марин има 17 години, игра како напаѓач и важи за еден од најголемите таленти во Динамо Загреб и Хрватска, а скаутите на Милан го следат веќе подолго време.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и сакаат да го донесат во Милано уште во зимскиот преоден рок.

Интересно е што Марин сеуште нема професионален договор, бидејќи не е полнолетен, па Милан може да го донесе за симболична сума.

Имено, „росонерите“ за големиот талент ќе треба да платат само 200.000 евра како компензација пропишана од страна на УЕФА.

За него се интересираат голем број на европски гиганти, но медиумите тврдат дека Милан е во пол позиција и сака да го донесе уште во зимскиот преоден рок за да го вклучи најпрво во младинскиот тим кај Џенаро Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ѓоковиќ ја објасни разделбата со Иванишевиќ: Не знам дали ќе имам нов тренер

Новак Ѓоковиќ во Белград зборуваше за разделбата со Горан Иванишевиќ и истакна дека помеѓу…