Дома Трансфер зона Малку претера: Еве што Ливерпул бара од Барса за Кутињо!

Малку претера: Еве што Ливерпул бара од Барса за Кутињо!

coutinho

Без разлика што ќе одлучи Нејмар, освен што со доведувањето на неговиот сонародник би придонеле полесно да го убедат да остане, Ливерпул би се согласил,  но еве што бараат.

Барселона не се откажува од Кутињо, без оглед што ќе се случи со Нејмар. Последните информации се дека работите не се решени, но и дека неговиот татко и понатаму инсистира Нејмар да замине.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Но, во овој момент тоа нема врска со операцијата „Кутињо“, освен што во Каталонија веруваат дека тоа би бил дополнителен мотив за Нејмар да остане.

Покрај тоа, Бразилецот би бил одлична замена за Иниеста на кого следното лето му истекува договорот. Но, Ливерпул порача дека не сака да го пушти Кутињо кој е под договор со англискиот гигант.

Сепак, со оглед на тоа дека ниту Кутињо не е рамнодушен на интересот на Барселона, Ливерпул одлучи што би сакал да добие за возврат. „Црвените“ за својот најдобар играч бараат 100 милиони, плус Рафиња и Андре Гомеш.

Португалецот минатото лето пристигна од Валенсија за 60 милиони евра, Рафиња Алкантара Клоп веќе подолго време го следи, но тешко е да се верува дека Каталонците би ги прифатиле овие услови на Ливерпул, поради тоа трансферот на Кутињо е малку веројатен.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…