Дома Македонски спорт Мак баскет Македонија подобра од Бугарија во Скопје

Македонија подобра од Бугарија во Скопје

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја совлада Бугарија во контролен натпревар со 80:70 (15:11, 23:25, 19:18, 23:14), кој синоќа се одигра во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Македонските кошаркари кои се подготвуваа за настап во претквалификациите за пласман на Светското првенство во 2019, ја забележаа првата победа во контролите натпревари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Против Бугарија, играта на избраниците на селекторот Давитков осцилираше во мекои моменти, но кога беше најпотребно најискусните се погрижија да нема неизвесност околу победникот.

Тасовски со 18 поени (4 тројки) ја предводеше Македонија, поен помалку постигна Војдан Стојановски, Теодор уфрли 15, а Чековски 12 поени.

Давитков се неговите избраници ќе ги продолжи подготвките до 20.јули кога ќе започне „Трофеј Македонија“, на кој покрај македонската репрезентација ќе учествуваат Португалија, Холандија и БиХ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…