Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија повторно домаќин на ЕХФ У-20 шампионатот во 2018 година

Македонија повторно домаќин на ЕХФ У-20 шампионатот во 2018 година

На состанокот на Извршниот комитет на ЕХФ, одредени беа домаќините на континенталните натпреварувања во младинските категории во машка конкуренција за 2018 година.

Македонија, која во минатите години повеќепати се покажа како одличен организатор на вакви настани, повторно ја доби довербата од Европската федерација.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од двата ЕХФ Шампионати за ракометари до 20 години наредното лето (2018 година) ќе се игра во Скопје. Ова е официјализирано на состанокот што во петокот се одржа во Виена. Во истиот период, вториот ЕХФ Шампионат ќе се игра во Подгорица, додека Цеље и Словенија ќе бидат организатори на Европското Првенство во таа младинска категорија. Точните термини дополнително ќе бидат прецизирани.

Ракометната Федерација на Македонија во последните неколку години редовно ја добива довербата за организација на континентални и светски собири од страна на ЕХФ, односно ИХФ. Летово во периодот од 31 јули до 6 август 2017, Македонија ќе биде организатор на ЕХФ Шампионат за кадетки (до 17 години), а турнирот ќе се игра во Скопје, поточно во СРЦ „Кале“. За летото 2019 година, на Македонија и Скопје им е доделена организацијата на Светското првенство за кадети (до 18 години) од страна на ИХФ.

Во периодот од 2014 година, Македонија беше организатор и на Светско првенство за кадетки, Европско првенство за кадетки, Квалификации за Светско првенство за јуниори и Квалификации за Европско првенство за јуниорки. Поради добрата организација на овие настани, на минатогодишниот состанок на ИХФ, Македонија го доби престижното признание „Топ организатор“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…