Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија на мегдан со Португалија: Се додека има шанси ќе се бориме!

Македонија на мегдан со Португалија: Се додека има шанси ќе се бориме!

Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва, ќе го одигра натпреварот од третото коло во Б групата, на Европското првенство за играчи до 21 година.

Избраниците на Благоја Милевски, во последната рунда ќе се сретнат со Португалија, откако претходно загубија од Шпанија (0:5) и ремизираа со Србија (2:2).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Се додека имаме шанси, макар и теоретски оваа репрезентација ќе се бори. Јас искрено се надевам дека интересот за репрезентацијата до 21 година ќе биде исто толку голем како и досега. Португалија е тим со одлични поединци, одиграа на високо ниво на двата натпревари, слично како и на квалификациите. Впрочем, Португалија заедно со Македонија ја имаше најдолгата низа на натпревари без пораз. Ние го почитуваме противникот, но ќе дадеме се од себе на најдобар начин да го завршиме натпреварувањето по групи од Европското првенство“, изјави Милевски, кој најави и неколку измени во составот, во однос на првите две средби.

„Натпреварот со Португалија е од големо значење, не е исто да се заврши првенството со еден или повеќе бодови. Португалија има одличен тим составен од исклучително квалитетни поединци, но ќе се бориме и ние. Ќе се обидеме да го неутрализираме нивниот напад, мислам дека ако се бориме до крај, од еден до последен можеме до позитивен резултат“, изјави Ѓоко Зајков.

Натпреварот Македонија-Португалија се игра на стадионот во Гдиња и ќе започне во 20:45 часот, а во истиот термин се игра и натпреварот во Бидгошч помеѓу Србија и Шпанија.

Шпанците со победите во првите две кола веќе обезбедија пласман во полуфиналето, а полуфиналисти се веќе и тимови на Англија и Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…