Дома Останати Кошарка Евробаскет Луис Скола – уште една сезона во Европа и точка

Луис Скола – уште една сезона во Европа и точка

Тоа е желбата на славниот аргентински кошаркарски ас Луис Скола. Прекалениот ветеран дефинитивно ја заврши својата мисија во НБА лигата, а враќањето во Европа е единствена опција. Како и тоа дека баш во Европа, извесната последна година од неговата пребогата кошаркарска кариера ќе ја одигра во дресот на Басконија.

„Многу ми е тешко да замислам во Европа да играм за некој друг освен за Басконија. Со тие луѓе, град и клуб сум поврзан и се чувствувам удобно. Искрено, враќањето во Аргентина не ми е во главата, бидејќи лигата таму не е толку атрактивна. Размислувам во друг правец“, вели доскорешниот играч на Бруклин.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Исто така, не размислува ниту за пензија. „Не верувам дека ќе се пензионирам оваа година, не дека ми останува уште многу гориво во резерварот. Сепак, имам 37 години“, признава Скола.

Басконија, инаку, е единствениот европски клуб во кој тој бил полноправен член. Додуша, две години помина на позајмица во Хихон, но најголем белег остави како играч на некогашната Таукерамика, која во веќе далечната 1998 година му даде шанса и го доведе во Европа од својот матичен клуб Феро Карил Оесте од Буенос Аирес. Во сегашната Басконија остана до 2007 година и ја освои Ендеса лигата, како и по три национални купа и суперкупа.

Останува запаметен како еден од најдобрите играчи во историјата на Басконија и некој кој оставил длабока трага во кошарката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Срушен светскиот рекорд: Славниот Јапонец скокна скоро 300 метри!

Рујоу Кобајаши на специјално направената скокалница успеа да го сруши светскиот рекорд во …