Дома Трансфер зона Луис Енрике демантира: Нема шанси Ракитиќ да замине!

Луис Енрике демантира: Нема шанси Ракитиќ да замине!

Иван Ракитиќ беше изоставен за дуелот со Виљареал и бидејќи не се знаеше вистинската причина се разгореа шпекулациите за негово заминување од „Камп Ноу“.

Утрово се појавија информации дека е многу блиску до трансфер во Манчестер Сити, но Луис Енрике демантира и тврди дека Хрватот ќе остане во Барселона.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Јас одредувам кој ќе игра, тоа ми е работа. Нема никакви шанси за трансфер на Ракитиќ и не ми е гајле што пишуваат медимите во Шпанија, Англија, Хрватска… Не им верувам на медиумите“, истакна Луис Енрике.

Потпретседателот на Барселона, Жорди Местре исто така демантираше заминување на Ракитиќ и откри дека преговараат за нов договор.

„Преговараме околу новиот договор. Ракитиќ многу ни се допаѓа и како играч и како човек. Има договор со нас и сакаме да остане“, изјави потпретседателот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Себаљос се сели во Серија А

За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и „кралевите“ му порачале дека на лето може да…