Дома Фудбал Германија Лоши вести за Германците – Фудбалерот на Баерн испрашуван во полиција!

Лоши вести за Германците – Фудбалерот на Баерн испрашуван во полиција!

Напаѓачот на Баерн Минхен, Кингсли Коман, беше приведен во понеделникот поради насилство.

Како што пренесуваат француските медиуми, Коман во понеделникот бил испрашуван во полициска станица поради насилничко однесување кон својата поранешна девојка, а наводно во прашање била кавга поради пари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Коман во два наварати ја нападнал својата поранешна девојка во саботата и понеделникот во раните утрински часови, поради што таа била приморана да повика полиција.

Обвинителството потврди дека Коман бил приведен и испрашуван, но и дека бил пуштен после неколку часа.

Коман поради овој инцидент во септември ќе мора да се појави на суд.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…