Дома Македонски спорт Лина Ѓорческа убедливо и лесно до втор круг на Фјучр турнирот во Швајцарија

Лина Ѓорческа убедливо и лесно до втор круг на Фјучр турнирот во Швајцарија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа експресно го мина првото коло на Фјучр турнирот во Кијасо, Швајцарија, кој се игра за награден фонд од 25 илјади американски долари.

Ѓорческа, која е четврта носителка на овој турнир, во два сета ја совлада Кристина Дину препуштајќи и на Романката само три гема, односно првиот сет Ѓорческа го доби со 6:3, а вториот без загубен гејм 6:0.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во второто коло Ѓорческа за противник ќе ја има домашната тенисерка Кијара Грим.

Инаку, Ѓорческа заедно со Александра Најденова од Бугарија настапуваат и во конкуренција на двојки и тоа како први носителки во четврт-финалето ќе играат против Швајцарките Ин-Албон и Кенкел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

„Гобари“ ефорично ги пречекаа хрватските легенди Кукоч и Раџа🎥

Легендарниот кошаркарски тандем, Тони Кукоч и Дино Раџа се специјални гости на Партизан на…