Дома Топ вести Ливерпул „пресече“: Ова е цената за Кутињо!

Ливерпул „пресече“: Ова е цената за Кутињо!

coutinho

Трансфер сагата кога во прашање е Бразилецот, Фелипе Кутињо, денес добива нова страница.

Ливерпул во текот на вчерашниот ден излезе со официјално соопштение дека Бразилецот не е на продажба. Но, овој потег не му се допадна на Кутињо кој само неколку часа подоцна испрати официјално барање за трансфер.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Црвените“ денес во рамките од првото коло во Премиер лигата гостуваат кај Вотфорд, а екипата на Клоп во овој натпревар ќе влезе без Бразилецот кој наводно поради повреда ќе го пропушти овој натпревар, иако никој не верува во тоа. На Ливерпул полека му станува јасно дека тешко ќе го задржи одличниот фудбалер во клубот, па според англиските медиуми тие веќе ја одредиле неговата цена.

Како што пишува „Дејли Рекорд“, Ливерпул одлучил дека Кутињо може да замине, но само под услов Барселона да издвои 150 милиони евра. Каталонците на адреса на Ливерпул испратија понуда од 100 милиони евра, но таа понуда беше одбиена.

Покрај тоа се додава и дека овој трансфер е само прашање на време, а Ливерпул се обидува да извлече што поголема сума од каталонскиот гигант.

Во продолжение погледнете ги сите 42 погодоци на Кутињо во дресот на Ливерпул.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…