Дома Топ вести Ливерпул прави дрим-тим и ја напаѓа титулата со овие 5 засилувања!

Ливерпул прави дрим-тим и ја напаѓа титулата со овие 5 засилувања!

Ливерпул конечно се пласира во Лигата на шампиони, па спрема реконструкција на тимот за следната сезона, а англиските медиуми тврдат дека ќе пристигнат големи засилувања на „Енфилд“ ова лето.

Позната е листата на желби на Јирген Клоп на која се наоѓаат пет имиња. Неизвесно е дали клубот ќе успее да го добеде сите 5 фудбалери, но јасно е дека „црвените“ имаат финансиска моќ да му ги исполнат желбите на Германецот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првото име кое овие денови го открија медиумите е Икер Касиљас. Легендарниот голман наводно веќе постигнал договор со „црвените“ и потпишал преддоговор. На листата желби е и дефанзивецот на Саутемптон, Вирџил ван Дијк за кого се заинтересирани сите англиски гиганти.

Третото име на листата е Мохамед Салах од Рома. Крилниот напаѓач имаше еден неуспешен обид во Премиер лигата, не се снајде најдобро во Челзи, но Клоп смета дека ќе биде големо засилување за неговиот тим.

Друготе две имиња за кои англиските медиуми пишуваат секојдневно се Алекс Окслејд Чемберлејн од Арсенал и Набу Кеита од Лајпциг, кои се млади и талентирани фудбалери по мерка на Јирген Клоп.

Доколку Ливерпул успее да ги донесе овие пет засилувања нема сомнеж дека следната сезона ќе има тим кој ќе може да ја нападне титулата во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…