Дома Видео Легендата Саган дисквалификуван од овогодинешната Тур де Франс

Легендата Саган дисквалификуван од овогодинешната Тур де Франс

Актуелниот светски првак во велосипедизам, Петер Саган е дисквалификуван од Тур де Франс, поради неспортскиот потег поради што тежок пад доживеа Марк Кевендиш.

Во финишот на четвртата етапа, на најпрестижната трка во светот на велосипедизмот, Саган со лактот го турна Британецот кој заврши на бетонот и го повреди рамото. Откако тој падна, на наго налетаа двајца возачи. Според Кевендиш, повредата не изгледа добро.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неколку часа подоцна организаторот на Тур де Франс реши да го дисквалификува Саган од трката.

Инаку, четвртата етапа во должина од 207,5 километри се возеше од Мондорф де Баин до Ветел, а победи Арно Демар.

Во вкупниот пласман води Герант Томас кој има 12 секунди предност во однос на клупскиот колега Крис Фрум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манч…