Дома Фудбал Англија Легендата на Ливерпул се збогува со фудбалот: Крај за една богата кариера

Легендата на Ливерпул се збогува со фудбалот: Крај за една богата кариера

Некогашниот лев бек на Ливерпул, Хосе Енрике денес објави дека се повлекува од професионалниот фудбал.

Тој истакна дека неговото тело не може да издржи и дека се бори со тешка повреда на коленото, поради што одлучил да се повлече.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хосе Енрике во ПЛ се прослави настапувајќи за Њукасл и Ливерпул, а до денес беше член на шпанскиот второлигаш Сарагоса.

„Не можам повеќе да играм под лекови, не сум веќе во можност ниту да тренирам. Тоа тешко ми паѓа, бев очаен. Моето колено пукна како топка, не можев да одам. Посетив пет различни лекари, но никој не можеше да го каже вистинскиот проблем“, истакна Енрике.

Оваа вест посебно стана интересна за англиските медиуми, откако се испостави дека Енрике го блокирал Џејми Карагер на својот твитер профил.

Тој имал намера да му посака среќа во иднина, но не можел бидејќи е блокиран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн има план: Го сака Зидан за тренер, во Минхен може да се врати и клупската легенда!

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер бидејќи Томас Тухел заминува на крајот од сезоната…