Дома Фудбал Германија Левандовски објасни: Еве зошто го одбив Реал Мадрид!

Левандовски објасни: Еве зошто го одбив Реал Мадрид!

lewandovski

Напаѓачот на Баерн Минхен и еден од најдобрите центарфори во светот, Роберт Левандовски во разговор за „Билд“ објасни зошто го одбил Реал Мадрид.

„Едноставно во Баерн ги имам истите услови кој би ги имал во Реал. Ги имам сите можности да ги остварам целите во кариерата до кои можам да стигнам и во Реал. На пример оваа година можеме да ја освоиме тројната круна. Имам огромен мотив со Баерн да триумфирам во ЛШ. Претходните години немавме среќа во завршницата зошто не бевме во најдобра форма кога беше најважно“, изјави Левандовски.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Оваа приказна особено добива на актуелност со оглед на фактот дека во четвртфиналето од Лигата на шампиони, Левандосвки со својот Баерн ќе игра против Реал Мадрид.

„Наша најголема предноста е што по подолго време сите се здрави, во конкуренција за тимот и немаме проблеми со повреди. Велат Реал е фаворит? Погледнете го составот кој ќе излезе на „Алијанц Арена“ и ќе видите дека Баерн нема помалку ѕвезди во однос на Реал. Поради тоа овој дуел ќе биде интересен. Во Баерн го немат заборавено поразот од 4-0 во Минхен. Знаеме за што сме способни и ќе направиме се за да го наметнеме нашиот стил на игра против Реал“, порача Полјакот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…