Дома Трансфер зона Левандовски конечно проговори за својата иднина!

Левандовски конечно проговори за својата иднина!

Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски повторно е во центарот на многу шпекулации, особено откако јавно ја критикуваше трансфер политиката на клубот.

Тоа само ги засили шпекулациите, па многу медиуми почнаа да пишуваат дека на крајот на сезоната ќе ја промени средината, а како следни негови дестинации се споменуваат клубовите од Манчестер, ПСЖ и Реал Мадрид.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сепак, полскиот репрезентативец категорично ги демантираше шпекулациите и истакна дека е среќен во Баерн, каде има договор до 2021 година.

„Сите знаат колку брзо се менуваат работите во фудбалот. Има фудбалери кои на вакво прашање одговараат дека сакаат да се пензионираат во клубот каде што играат во моментот. Но во еден момент тој клуб ќе ви каже ’ти благодариме, повеќе не си ни потребен’“, изјави Левандовски.

„За мене е многу важно што има договор со Баерн до 2021 година, јас и моето семејство се чувствуваме одлично во Минхен. Веќе 10 години слушам разни шпекулации за мојата иднина и веќе навикнав на тоа“, изјави 29-годишниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шчесни и Јувентус далеку од договор: Ќе има ли „старата дама“ наредната сезона нов голман?

Се уште не е познато кој ќе биде голман на Јувентус следната сезона, иако Полјакот Војчех …