Дома Фудбал Германија Левандовски го крена гласот и предизвика хаос во Минхен: Дали е ова најава за шокантен трансфер?

Левандовски го крена гласот и предизвика хаос во Минхен: Дали е ова најава за шокантен трансфер?

Роберт Левандовски и оваа сезона со своите настапи во Баерн Минхен покажа дека е еден од најдобрите напаѓачи во светот, но Полјакот остана разочаран што го изгуби приматот најдобар стрелец во домашното првенство.

Левандовски јавно ги обвини соиграчите дека не му дале поддршка да стане најдобар стрелец во Бундес лигата, а најновата изјава на неговиот агент предизвика „земјотрес“ во Минхен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Роберт ми порача дека не ја добил потребната поддршка од Анчелоти на последниот меч во сезоната. Едноставно не му помогна за да остане најдобар голгетер“.

„Левандовски е навистина многу разочаран, никогаш не сум го видел таков. Очекуваше дека тимот ќе го поддржи колективно, но тоа не се случи“, порача агентот на голгетерот, Мајк Бартек.

Ваквата изјава медиумите ја толкуваат како најава за шокантен трансфер на Полјакот, за кого интерес покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, како и Пари Сент Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…