Дома Останати Кошарка Леброн се сели во Лос Анџелес

Леброн се сели во Лос Анџелес

Адријан Војнаровски, еден од најпознатите и најинформирани американски новинари кои ја следат НБА лигата, вели дека голема е веројатноста Леброн Џејмс летово да го напушти Кливленд.

Кливленд пред неколку денови ја загуби шампионската титула откако во пет натпревари беа поразени од Голден Стејт.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Прашање е дали ќе се врати и воопшто не сум сигурен дека тој ќе го продолжи договорот со Кливленд. Верувам дека луѓето во Кливленд, но и во НБА лигата се свесни дека постои можност тој летово да го напушти клубот и да се пресели на Запад, во еден од тимовите од Лос Анџелес – Клиперси или Лејкерси. Сепак, како пореална опција му делува преселба во Лејкерси“, смета Војнаровски.

Леброн не може да се стекне со статус на слободен агент пред летото во 2018 година, но тоа не ги намалува шпекулациите дека се подготвува да го напушти Кливленд.

Леброн Џејмс во НБА лигата игра веќе 14 сезони, десет од нив мина во Кливленд. Има освоено две титули со Мајами и една со Кливленд

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Најлудиот кош сезонава во Евролигата 🎥

Французинот Нандо де Коло го кој важи за еден од најдобрите шутери во НБА лигата го постиг…