Дома Фудбал Италија Кротоне поразен Јувентус старо-нов шампион, Милан во Европа!

Кротоне поразен Јувентус старо-нов шампион, Милан во Европа!

Екипата на Јувентус со денешната победа над Кротоне стигна до шампионската титула во Италија, шестта во низа, додека пак „росонерите“ со победата од 3:0 над Болоња се избори за настап во Лигата на Европа.

Јувентус рутински како и што се очекуваше без никакви проблеми го совлада Кротоне кој во последното коло ќе се бори за опстанок со екипата на Емполи, иако и тогаш ќе имаат тешка задача бидејќи играат против екипата на Лацио, додека Емполи игра против веќе испаднатиот Палермо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Марио Манџукиќ кој денес го слави 31 роденден го отвори резултатот после асистенцијата од Квардадо во 13 минута од натпреварот. Вториот гол беше мало ремек дело на Паоло Дибала кој погоди од слободен удар.

Во вториот дел иста слика Јувентус искусно ја држеше топката во свој посед и создаваше по некоја шанса, а после еден корнер во Алекс Сандро ги постави конечните 3:0.

Милан на свој терен како што споменавме запиша победа против Болоња со која обезбеди пласман во Лигата Европа. „Росонерите“ беа асполутно подобар противник, но во првиот дел не успеваа да го пронајдат патот до мрежата на гостите. Сепак во вториот Делофеу, Хонда и Лападула донсеа убедлива победа.

Во останатите натпревари Аталанта го совлада Емполи со 0:1, Удинезе и Сампдорија одиграа 1:1, Сасуоло го декласираше Каљари со 6:2, додека Џенова со 2:1 го совлада Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…