Дома Македонски спорт КРАЈ: Комитите повторно најсветла точка, Шпанците ја наполнија мрежата на Гачевски

КРАЈ: Комитите повторно најсветла точка, Шпанците ја наполнија мрежата на Гачевски

Вардар вечерва со почеток од 19:00 часот го игрa натпреварот против Реал Сосиедад во рамките од третото коло во Лигата Европа. Во продолжение следете се што се случува на овој натпревар.

5- По првите пет минути Сосиедад ја има топката во свој посед но без посериозни шанси.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


9- Вардар ја создава и првата шанса на натпреварот, одличен шут на еден од напаѓачите од работ на шесенаесетниокот но топката одеше директно во голманот Рули.

12 ШТЕТА! Вардар повторно рано прима погодок, стрелец на погодокот Микел Озарјабал.

27 – Фантастична шанса за Барсегјан од десетина метри биеше силно над голот! Ова можеше да биде казна за големото промашување на Карлос Вела од пред само две минути.

28 – Барсегјан во нова шанса, еден на еден против Рули, но за наша среќа Рули беше поуспешен.

30 – После половина час игра, Вардар како полека да се ослободува од притисокот и започнува да игра, Сосиедад во овие моменти повлече на својата половина.

33 – Само неколку минути по шансите на Барсегјан Сосиедад, зголемува на 2:0…

41 – Нов гол во мрежата на Вардар, стрелец на погодоцот повторно Хозе…

КРАЈ на полувремето Вардар се добива впечаток дека Шпанците искористија скоро се што создадоа, додека Вардар шансите на натпреварот ги пропушти веројатно преку Барсегјан, при резултат 1:0.

Почеток на вториот дел…

50 – Сосиедад продолжува со нападите, шанса за втор погодокот на натпреварот имаше Озарјабал, за наша среќа Гачевски одлично интервенираше…

51 – Повторно шанса за Шпанците, по неколку атрактивни додавања Карлос Вела упати удар, а Гачевски повторно беше на висина на задачата…

55 – Она што не им успеа во неколку напади претходно, сега беше реализирано Хозе го постигнува својот трет гол на овој натпревар за веќе убедлива предност…

60 – По еден час игра Хозе го постигнува својот четврти гол, Вардар – Реал Сосиедад 0:5…

63 – Шпанците не застануваат, Чави Прието сега имаше одлична шанса, неговиот удар заврши над голот…

70 – Дваесетина минути до крајот на средбата по петтиот погодок и шансата на Прието Сосиедад ја смири играта, Вардар се закани преку Марковиќ, но сепак опасност за Рули немаше…

80 – Прдолжува темпото со игра на средината од теренот, без шанси на едната и на другата страна…Најблескав момент за македонскиот шампион и во овој натпревар беа неговите „комити“ кои безерзервно во текот на целиот натпревар го поддржуваа нивниот сакан клуб без разлика на резултат.

89 – Алберто Дела Бела го постигнува и шестиот погодок во мрежата на Вардар….

КРАЈ на натпреварот, Вардар го претрпува и третиот пораз во исто толку натпревари, Вардар – Реал Сосиедад 0:6…

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…