Дома Останати Кошарка Евробаскет Кралскиот марш ја прегази Ѕвезда

Кралскиот марш ја прегази Ѕвезда

Кога ќе налеташ на вака вдахновен Реал Мадрид, во шпанската престолнина нема што многу да бараш.

Црвена Ѕвезда во мадридската Палата на спортовите спроти себе го имаше исклучително шутерски расположениот Кралски клуб, кој синоќа практично го смести во мрежичката сето она кое не успеа да го направи во претходните три порази во сите натпреварувања, па стигна до прилично убедлива победа од 98-68, вкупно 19-та во оваа сезона и се изедначи на врвот од табелата на Евролигата со ЦСКА од Москва.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ѕвезда си дозволи себеси да влета во разјарената машина Реал Мадрид, за која имаше одговор само во првите седум минути од натпреварот, а потоа домаќинот, до крајот на првиот дел, се одлепи со двоцифрена предност, која во втората четвртина ја надмина магичната цифра од 20 поени разлика. Одбраната која во досегашниот дел од сезоната просечно примаше по 73,3 поени по натпревар во Евролигата, синоќа на противникот му дозволи за 20 минути да им закачи 63 коша, што за Ѕвезда беше прва ваква ситуација оваа сезона, па уште тогаш беше јасен исходот на натпреварот.

Сепак, овој пораз, кој донекаде и можеше да се очекува, веројатно нема многу тешко да им падне на српските шампиони, кои веќе следниот четврток во Милано играат против домаќинот Армани, каде имаат далеку поголеми изгледи дека ќе дојдат до победа која би значела и приближување до пласманот во четвртфиналето од Евролигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Статистиката и традицијата велат: Синер е идниот број еден!

Јаник Синер имаше почеток од соништата во оваа 2024 година. Го освои првиот Грен слем сезо…