Дома Фудбал Останато Кој ќе биде „Златното момче“ – Избрани тројцата кандидати!

Кој ќе биде „Златното момче“ – Избрани тројцата кандидати!

Денес беа соопштени имињата на тројцата кандидати кои ќе конкурираат за престижната награда.

Тројцата кандидати кои ќе се борат за наградата „Златно момче“ се: Габриел Хесус, Килијан Мбапе и Осман Дембеле.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Наградата која од 2001 година ја доделува италијанскиот весник „Тутоспорт“ ќе добие нов сопственик бидејќи минатата година за најдобар беше избран Ренато Санчез.

Габриел Хесус зад себе има одлична година од како во јануари пристигна во Манчестер Сити. Учествуваше во 21 погодок на „граѓаните“ на 20 натпревари на кои беше стартер, а и оваа сезона продолжи да постигнува погодоци.

Осман Дембеле експлодираше во Борусија Дортмунд, постигна 10 погодоци и запиша дури 21 асистенција.

Мбапе ја освои титулата со Монако, постигна 21 погодок и запиша осум асистенции, посебно блескаше во Лигата на шампионите каде што со неговиот тим стигна до полуфиналето.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…