Дома Топ вести Кој најмногу ќе „профитира“ – Барселона на ждрепката пристигнува со „полни раце“ работа!

Кој најмногу ќе „профитира“ – Барселона на ждрепката пристигнува со „полни раце“ работа!

Договорен уште еден во низата состаноци кои денес ќе се одржат во Монако.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона и Јувентус денес во Монако ќе преговараат за евенуталниот трансфер на Андре Гомеш во Торино.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Каталонскиот медиум пренесува дека Јувентус е исклучително заинтересиран за Португалецот кој не ги оправда очекувањата на „Ноу Камп“, а со доаѓањето на Пулињо веројатно неговата минутажа дополнително ќе се намали.

Од друга страна, Јувентус сака да го засили средниот ред, а повеќе детали ќе бидат познати денес после состанокот на клубовите на ждребот за Лигата на шампионите.

Барселона сака да ја врати вложената сума од 35 милиони евра, но тешко дека „бјанконерите“ ќе се согласат истата да ја исплатат.

Иначе покрај тоа, Барселона денес во Монако ќе се обиде и кочено да го убеди Ливерпул да го пушти Фелипе Кутињо, но тоа барем во овој момент изгледа како невозможна мисија.

Едно е сигурно, денес Монако ќе биде центар на фудбалскиот свет, покрај ждрепката, се очекува да се одржат бројни состаноци помеѓу клубовите.

Пред се тука и Мбапе, кој е на чекор од ПСЖ, а Барселона е тимот кој ќе има најмногу покрај споментатите преговори за продавање на Гомеш и купување на Кутињо, тие сакаат да ги договорат уште Осман Дембеле и Анхел Ди Марија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…