Дома Останати Кошарка Кој е Македонецот кој ќе настапува за Кливленд во НБА лигата?

Кој е Македонецот кој ќе настапува за Кливленд во НБА лигата?

После Перо Антиќ кој настапуваше за Атланта Хокс, во НБА лигата во новата сезоната ќе можеме да гледаме уште еден кошаркар со македонско потекло.

Станува збор за Чеди Осман кој ова лето од Анадолу Ефес премина во НБА лигата и тоа во тимот на Кливленд.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Осман е роден во Охрид, неговиот татко е Турчин, а неговата мајка Босанка. Тој започна да игра кошаркара во Босна во 2001 година, по што беше забележан од турскиот клуб Анадолу Ефес. Талентот на овој млад кошакрар беше забележан и од страна на Турскиот кошаркарски сојуз кој веднаш му даде право за настап и за репрезентацијата на Турција, па за наша жалост иако имавме можност да го имаме во нашите редови тој ќе настапува за селекцијата на Турција.

Младиот кошаркар кој во овој момент има 22 години во Анадолу Ефес помина шест години. Освен за Ефес тој настапуваше и за кошаркарскиот клуб Пертевенијал од Инстанбул, но само една сезона како позајмен кошаркар.

Во 2015 година со Ефес триумфираше во Купот и Суперкупот на Турција. Кога во прашање се индивидуалните награди, три пати беше избиран во најдобриот тим на Турската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…