Дома Останати Кошарка Косово порачува: Македонија нека не се надева, нема да дозволиме да ги мине претквалификациите!

Косово порачува: Македонија нека не се надева, нема да дозволиме да ги мине претквалификациите!

По одигрувањето на петте натпревари од 5.коло во претквалификациите познати се уште две репрезентации кои изборија пласман во квалификациите за СП 2019 во кошарка, а тоа се Шведска и Естонија.

Сега нашата судбина зависи од дуелот Косово-Естонија. Естонија со три победи по ред е сигурно првопласирана додека нашата и косовската селекции имаат само по еден триумф, со тоа што северниот сосед има уште еден меч за одигрување и тоа на домашен терен. Косово со победа ја остварува целта, во спротивно ќе се радуваме ние.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Македонија нека не се надева попусто, нема шанси да ја пропуштиме можноста на домашен терен да ја совладаме Естонија и да дојдеме до историското второ место за нас кое води во квалификациите за СП. Да играме и на стадион сигурни сме дека ќе биде исполнет до последно место, толку голем е интересот за овој дуел во моментов. Естонците ги чека пекол, во кој не веруваме дека ќе се снајдат“, истакнаа од таборот на репрезентација на Косово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…