Дома Топ вести „Корида Јуве“ – спремни 100 милиони за тројца Шпанци!

„Корида Јуве“ – спремни 100 милиони за тројца Шпанци!

Јувентус сака да продолжи со победничката низа во Италија и за следната сезона планира да направи мини реконструкција на тимот.

Најпрво ќе биде избран нов тренер, бидејќи Макс Алегри најверојатно ќе ја промени средината на крајот на сезоната, а потоа ќе бидат избрани нови засилувања.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Тутоспорт“, весник близок до „старата дама“ денес откри дека на радарот на италијанскиот шампион се тројца шпански интернационалци кои „бјанконерите“ сакаат да ги донесат во Торино за следната сезона.

Станува збор за Инаки Вилијамс, Хектор Белерин и Марко Асенсио, играчи кои скаутите на „старата дама“ ги следат веќе подолго време.

Весникот тврди дека „бјанконерите“ за споменатите тројца фудбалери се спремни да издвојат 100 милиони евра, иако е јасно дека тоа ќе биде тешка мисија за италијанскиот шампион.

Хектор Белерин е еден од најдобрите бекови во Премиер лигата и за него силен интерес покажуваат уште Манчестер Сити и Барселона, а Јувентус е спремен да плати 50 милиони евра за да го донесе дефзивецот во Торино.

Марко Асенсио е новата ѕвезда на Реал Мадрид, но не добива голема минутажа поради големата конкуренција на „Сантиа Берабеу. Италијанскит клуб сака да направи операција во стилот на Мората, односно да го купи за 25 милиони евра, а во договорот да има клаузула со која „кралевите“ ќе можат да го вратат, но за многу поголема сума.

Играчот кој би требало да го комплетира триото е Инаки Вилијамс од Атлетик Билбао. Тој во својот договор има откупна клаузула од 50 милиони евра, но „бјанконерите“ ќе се обидат да дојдат до неговиот потпис за сума од 25 милиони евра.

Јувентус има јасни идеи за следното лето, па останува да видиме дали ќе успее да ги реализира!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед почна преговори со дефанзивецот на Леверкузен

Манчестер Јунајтед почна преговори со дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пр…