Дома Топ вести Конте троши 300 милиони и прави НЕВЕРОЈАТЕН тим !

Конте троши 300 милиони и прави НЕВЕРОЈАТЕН тим !

konte

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте наскоро ќе има тим кој многу тешко ќе може некој да му се спротистави.

Челзи ја освои Англија минатата сезона, а изгледа дека Роман Абрамовиќ сака и Лигата на Шампионите, па „Сините“ до крајот на трансфер периодот ќе потрошат дури 300 милиони фунти.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Конте, без сомнеж, ќе има неверојатен тим кога ќе доведе уште тројца фудбалери кои главно се блиску до трансфер. Англиските медиуми тврдат дека Алекс Сандро е на прагот од доаѓање од Јувентус и тој ќе биде платен нешто помалку од 70 милиони евра, што е рекорд во однос на трансферите за играч од одбраната.

За 40 милиони доаѓа Бакајоко од Монако, кој ги одбра „Сините“ пред Манчестер Јунајтед, а тој ќе го завземе местото во средниот ред и веројатно дека со неговото доаѓање ќе се ослободи Немања Матиќ.

Асмир Беговиќ претходно го напушти Челзи, а како негова замена доаѓа Вили Кабаљеро од Манчестер Сити, кој ќе ја чека шансата покрај Тибо Куртоа. Сега останаа доволно пари за класичен напаѓач. Сините се заинтересирани за да го вратат Ромелу Лукаку од Евертон, додека реално е и пристигнување на Виргил Ван Дајк и сите овие засилувања ќе го чинат лондонскиот клуб околку 300 милиони евра.

Беговиќ веќе си замина, Натан Аке ќе оди во Боуртман, си заминуваат најверојатно и Зума, Матиќ, а ќе биде продаден и Коста. Но сепак, Челзи повторно ќе биде главен фаворит за освојување на титулата во Англија, а исто така има големи шанси да котира и во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …