Дома Фудбал Лига на шампиони Конте откри дали Запакоста сакаше да шутира или да центрира при постигнувањето на голот

Конте откри дали Запакоста сакаше да шутира или да центрира при постигнувањето на голот

Италијанскиот репрезентативец Давиде Запакоста е автор на најубавиот гол на првата ноќ од новата сезона во Лигата на Шампионите.

Новиот член на Челзи во 30. минута од натпреварот против Карабаг на феноменален начин го совлага Ибрахим Сехиќ и така го постигна својот прв гол за новиот клуб. Со оглед на невообичаената позиција од која погоди Запакоста, беше започната дебата дали 25-годишниот Италијанец навистина сакал да шутира, или топката му „помина преку ногата“.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Коментарите беа различни, а дилемата ја реши Антонио Конте, кој на голема тага на Запакоста беше искрен.

„Запакоста ми призна дека не имал намера да шутира од таа позиција, туку сакал да центрира. Како и да е, постигна гол кој ни беше од голема важност“, изјави тренерот на Челзи по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…