Дома Фудбал Англија Конте им го плесна на Мурињо и Гвардиола: Парите не гарантираат успех!

Конте им го плесна на Мурињо и Гвардиола: Парите не гарантираат успех!

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте изрази соменж кон трансфер филозофијата која ја имаат двата гиганти од Манчестер и со тоа ги „пецна“ своите колеги Муроњо и Гвардиола.

Пред почетокот на сезоната најголема сума за трансфери потроши Пеп Гвардиола, околу 250 милиони евра, а веднаш позади него беше Жозе Муроњо со потрошени 200 милиони евра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И покрај тоа двата тима од Манчестер се далеку од врвот во Премиер лигата, па Конте не пропушти прилика да ги „пецне“ своите колеги.

„Оваа сезона покажува дека оној што троши најмногу не мора да победува. Во спротивно, на врвот немаше да бидат екипи како Челси и Тотенхем или Ливерпул“, изјави Италијанецот.

„Ова не е прв пат клубовите од Манчестер да трошат толку многу пари, само погледнете го минатото. Тоа е нормално за нив. Доколку мислат дека тоа е начинот кој ќе им донесе титули, слободно нека трошат пари. Секој клуб си има своја стратегија”, заклучи Конте.

Сепак, се поставува прашањето дали ова е помалку лицемерна изјава на Конте бидејќи и Челзи во летниот преоден рок потроши околу 170 милиони евра за Канте, Батчуаи, Давид Луиз и Маркос Алонсо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер ја менува стратегијата со Инзаги

Се очекува тренерот на Интер, Симоне Инзаги да го продолжи договорот, а раководството на к…