Дома Фудбал Англија Клоп: Јас сум харизматичен и забавен лузер?!

Клоп: Јас сум харизматичен и забавен лузер?!

Фудбалерите на Ливерпул мораат да победат во Марибор на гости по два реми резултати на стартот од ЛШ, а Јирген Клоп верува дека неговиот тим е во добра форма.

Иако во ПЛ заостанува веќе сега девет бодови зад водечкиот Манчестер Сити, Клоп тврди дека неговиот тим има победнички менталитет и дека игра добро оваа сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новинарите на конференцијата за медиумите констатираа дека на Ливерпул му недостасуваат победи во клучните дуели што ја фрла во вода добрата игра на неговата екипа.

„Значи, со тоа дека сакате да кажете дека сум јас харизматичен и забавен лузер“, запраша Клоп и продолжи:

„Имаме самодоверба и се наоѓаме во добра позиција. Да не заборавиме колку се мачевме да стигнеме до ЛШ. Нема шанса да ги одмарам играчите и да ротирам тука, тоа е последно нешто што би го направил“, истакна Клоп кој застана во одбрана на резултатот на својот тим.

„Изгубивме само два меча од почетокот на сезоната. Еден во Лига купот и еден од Манчестер Сити, и тоа кога останавме со десетмина на теренот. Во овој момент 99% од тимовите на светот би загубиле од Манчестер Сити“, истакна Клоп.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…