Дома Македонски спорт Кире и Нант пристигнуваат идната сабота – Вардар ги објави цените за првиот домашен натпревар во ЛШ!

Кире и Нант пристигнуваат идната сабота – Вардар ги објави цените за првиот домашен натпревар во ЛШ!

Од понеделник започнува продажбата за првиот домашен натпревар на Вардар кој ќе го одигра против тимот Нант.

Вардар првиот натпревар пред домашната публика во Лигата на шампионите ќе го одигра против Нант каде што настапува капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, а влезниците за овој натпревар ќе бидат по цена од 150 денари за стоење и 350 денари за место на трибините.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сите оние кои сакаат да бидат дел од овој натпревар и да си купат карта, тоа можат да го направат преку продажната мрежа на „Тикет плус“.

Лазаров и Нант гостуваат во Скопје наредната сабота, а натпреварот ќе се одигра во 17:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…