Дома Фудбал Останато Капело изненади многумина: ПЕТ клубови се кандидати за Скудетото!

Капело изненади многумина: ПЕТ клубови се кандидати за Скудетото!

На изненадување на многумина, Фабио Капело, верува дека пет клубови ќе се борат за титулата во Серија А оваа сезона.

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело во овој момент работи како тренер во кинескиот Џенгсу Санинг каде што само за година ипол заработи дури 10 милиони евра. Сега тој беше запрашан кој ќе ја освои титулата во италијанското првенство.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не би можел да кажам дека само Јувентус и Наполи имаат шанси за титулата. Тука се Интер и Рома и мислам дека мораме да им дадеме малку време да го покажат нивниот полн потенцијал. Милан исто така има добар тим. Според мене пет клубови ќе се борат за титулата, но како на сите, така и на мене ми е јасно дека главен фаворит е Јувентус“, изјави Капело.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…