Дома Фудбал Како Рамос и Зидан го коментираа поразот на „Местаља“

Како Рамос и Зидан го коментираа поразот на „Местаља“

Валенсија, во заостанатиот натпревар од Примера, на Местаља го совлада Реал Мадрид со 2:1, со што го направи шпанското првенство крајно неизвесно.

Реал во Валенсија го доживеа вториот пораз во Примера и не успеа да се одлепи од конкурентите,иако и натаму има бод повеќе од Барселона и натпревар помалку.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ова беше меч со високо темпо. Сакавме да освоиме барем поен. Беше многу добар меч, а воедно можност да ја зголемиме нашата предност на табелата. Двете грешки на стартот не уништија. Излеговме со една цел, да ја играме нашата игра од првата минута. Нашиот напаѓачки стил понекогаш е ризичен, два пати ја загубивме топката и примивме голови во тие ситуации. За мене не станува збор за недостаток на став и однесување во било кој момент. Мораме да свртиме страница и да научиме од грешките. Примера е долга и многу работи можат да се случат“, истакна капитенот Серхио Рамос.

„Јасно е дека влеговме многу лошо во мечот, го загубивме истиот во 10-та минута. Нашата најголема предност е тоа што влегуваме добро во натпреварите, но овојпат се случи спротивното. Ни дадоа два гола, после следуваа добри работи, но веќе беше касно. Во првите 10 минути не бевме подготвени, ниту концентрирани. Ни фалеше концентрација без топката, Заза ни направи огромна штета за само 10 минути. Бевме многу развлечени по теренот и не вметнаа во тешки гомна со нивните контранапади“, прокоментира нервозно Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ништо од Баерн – Нагелсман потпиша!

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман го продолжи договорот…