Дома Топ вести Како Барса му го „подари“ Марко Асенсио на Реал

Како Барса му го „подари“ Марко Асенсио на Реал

Ѕвездата во најава на Реал Мадрид, кој синоќа повторно го воодушеви фудбалскиот свет со неверојатен гол на Класикото во реванш мечот од Суперкупот, кој Кралевите го добија со 2:0, за малку можеше да заврши на другата страна.

Каталонските медиуми повторно ја актуелизираат приказната за Марко Асенсио, откако младиот Шпанец синоќа повторно торпедираше со неверојатен гол уште во 4 минута. Асенсио е ѕвезда во подем, Зидан му дава се повеќе шанси, а 20-годишниот фудбалер тоа и тоа како знае да го искористи.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Токму затоа, Каталонците се бесни на својата управа. Ја враќаат приказната во летото 2014 кога Асенсио настапуваше за Мајорка и се беше договорено меѓу двата клуба, дури и младиот фудбалер беше во населбата Кастелдефелс да си најде куќа. Но, за ситница не се договорија. Мајорка ги бараше договорените 4.5 милиони евра наеднаш, а тогашниот спортски директор Андони Зубизарета и генералниот директор Антони Росич инсистираа да платат со варијабли.


Трансферот пропадна и Барса се реши да најде замена за Дани Алвес – го купи Бразилецот Дуглас за 4.5 милиони евра, плус 1 милиони со бонуси. Како заврши Дуглас ви е познато, а веројатно и јасно им е на Каталонците што пропуштија со Марко Асенсио.


Впрочем бесот кај каталонските навивачи е особено поголем, бидејќи тие тврдат дека токму грешките на управата го создале сегашниот Реал Мадрид. Освен Марко Асенсио не можат да си простат и за Иско, Модриќ и Ковачиќ кои своевремено беа фанови на Барселона, а и самиот клуб беше заинтересиран да ги доведе, но наместо тоа, тие завршија кај најголемиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познати дресовите на Србија, Швјацарија, Чешка, Австрија и Исланд за Европското првенство

Репрезентацијата на Србија успеа да се избори за пласман на Европското првенство кое летов…