Дома Трансфер зона Како Баерн ја направи најголемата грешка во историјата?

Како Баерн ја направи најголемата грешка во историјата?

Германскиот гигант Баерн Минхен е пример за клуб кој рационално троши и секогаш е на врвот на светскиот фудбал, но пред три години Баварците направија голема грешка.

Тони Крос во 2014 година ја напушти „Алијан Арената“ и се пресели во Реал Мадрид каде се наметна како незаменлив член во „кралскиот“ тим и еден од најдобрите играчи за врска во светот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Крос пристигна на „Сантиаго Бернабеу“ за скромни 25 милиони евра, па неговиот агент Волкер Штрут неодамна за „Билд“ трансферот го опиша како „грабеж на столетието“.

Сега пријателот на Крос и негов соиграч од Баер Леверкузен, Стефан Реинарц откри зошто играчот одлучил да го напушти Баерн.

„Тони е мој пријател и ја знам целата сторија. Причината делимично беа парите. Баерн му понуди нов договор, но Тони знаеше колку заработува Марио Геце. Баерн Минхен не сакаше да му даде повеќе од 10 милиони евра годишно“, изјави Реинарц.

После разговорот со извршниот директор Румениге, Крос дефинитивно одлучил да го напушти клубот.

„Румениге му рече дека нема да му даде повеќе од 10 милиони евра бидејќи не е играч од светска класа. Доколку го знаете Тони, тогаш знаете дека главна причина не се парите. Тој има потреба од доверба на луѓето околу него. Знаеше дека е играч од светска класа, па тоа беше одлучувачки момент“, открива неговиот пријател.

Крос тоа лето 2014 премина во Реал Мадрид за само 25 милиони евра, останатото е историја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…