Дома Фудбал Останато КАКОВ ДОГОВОР: Откриена уште една НЕВЕРОЈАТНА клаузула во договорот на Нејмар со ПСЖ

КАКОВ ДОГОВОР: Откриена уште една НЕВЕРОЈАТНА клаузула во договорот на Нејмар со ПСЖ

Нејмар ова лето се пресели од Барселона во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, а го доби и најскапиот договор во историјата на фудбалот.

Бразилецот во Париз годишно ќе заработува по 30 милиони евра, но таа бројка може да расте уште повеќе преку разни бонуси. Странските медиуми открија интересна клаузула од договорот на Нејмар за освојување на Златната топка.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Доколку Бразилецот конечно ги победи Меси и Роналдо во таа трка, ќе добие премија од три милиони евра. Нејмар оваа година е меѓу 30. фудбалери кои ќе конкурираат за оваа награда, но речиси сигурно е дека нема да ја освои.

Меѓутоа, следната година би можела да биде негова, особено ако се покаже на Светското првенство во Русија. Треба да се додаде дека во ПСЖ веќе израсна како прва ѕвезда на клубот и дека конечно побегна од сенката на Меси, каде што беше додека играше за Барселона. Јавна тајна е дека еден од основните мотиви за трансферот на Нејмар во ПСЖ е токму желбата за титулата најдобар играч во светот.

Не е тешко да се заклучи дека патот до неа ќе му биде многу полесен од клуб во кој нема да биде број 2 или 3, како што беше во Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…